На утрешниот „Скопски фестивал“ нашата поп ѕвезда Елена Ристеска ќе настапи со песна од Ацо Шопов. Песната која ќе ја отпее Ристеска се вика „Што си ти“, а всушност се работи за прекрасна адаптација на познатата песна „Третата молитва на моето тело“ од Ацо Шопов во која Богородица го оплакува својот син Исус на неговиот гроб.
Станува збор за навистина оригинална композиција која е комбинација на молитвена песна и класична поп композиција зад која стои авторот Дарко Димитров. Адаптацијата на текстот ја направи самата Елена. Потсетуваме дека Елена беше дел и од минатогодишниот ревијален „Скопски фестивал“, каде ја отпеа прекрасната балада „Не лажи ме“.
| ТВ Пакет