Вака звучеше Елена во придружба на хармоникашите во Крушево
На 26 јуни, во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево се одржа концерт на учесниците на „Крушевска работилница 2016“ (Krusevo Workshop 2016), под покровителство на Министерството за култура на РМ. Годинава младите уметници беа предводени од познатиот македонски хармоникаш – Горан Алачки, додека како специјална гостинка на завршниот чин настапи поп пејачката Елена Ристеска.
Во придружба на крушевските хармоникаши, таа отпеа четири песни, меѓу кои и познатата „Громови на душа“, а токму овој настап е спакуван во одличен видеозапис каде што се прикажани и убавините на Крушево. Видеозаписот од настапот на Youtube се појави пред два дена.
Елена периодов е актуелна со дуетската песна со Хари Мата Хари, а за летово најави и соработка со Сергеј Четковиќ, како и со други балкански ѕвезди.
Дани | ТВ Пакет