Македонскиот диџеј Ерик Фокс, синоќа по завршувањето на втората полуфинална вечер од фестивалот „Евровизија“, на видео мрежата Јутјуб објави ремикс на евровизиската песна на Македонија „Пред да се раздени“, пишува порталот Музика24. Интересно е тоа што со преработката на песната Есма Реџепова е комплетна отстранета, односно нејзиниот дел го нема во неа. Од двата дела на Влатко Лозаноски е создадена една поинаква музичка приказна. Во прилог е ремиксот.
Крис Манев | ТВ Пакет