Порталот Smedia.rs открива каква непријатност доживеале Есма Реџепова и Лозано од организаторите на „Евровизија“. Се работи за големи пропусти кога станува збор за македонската делегација.
– Делегацијата на Македонија е многу незадоволна бидејќи од организацијата не доби ниту превоз, па се снаоѓа како знае и умее. Така во една прилика човек од македонската делегација го прашал возачот на „Евровизија“ да ги почека додека да заврши интервјуто на Есма. Возачот му одговорил дека не може да чека и дека најдобро би било сами да си најдат превоз. Тој на тоа одговорил: „Веројатно нема Есма Реџепова да ја сместам да се вози со градски превоз“, рекла Наталија Милосављевиќ, новинар и известувач на споменатиот портал.
Повеќе вакви моменти укажуваат на тоа дека организаторите на годинешната „Евровизија“ не успеале баш најдобро да се снајдат околу подготовките.
| ТВ Пакет