Почетна / Телевизија / Х Фактор / Жељко Јоксимовиќ повторно судија во спектаклот „Х Фактор“

Жељко Јоксимовиќ повторно судија во спектаклот „Х Фактор“

 

Ова се новите судии во новата сезона на Икс Фактор

 

Во новата сезона на „Х Фактор“ судии ќе бидат Тончи Хуљиќ, Масимо Савиќ, Жељко Јоксимовиќ и Александра Ковач. Тие ќе се борат за младите пејачки надежи, кои ќе бидат распоредени во четири групи: момци, девојки, постари од 35 години и втора шанса, во оваа група ќе настапуваат учесници од музички реални шоуа кои после натпреварот не успеале да направат кариера.

  

 

Иако требаше да се најде помеѓу одбраните судии, Емина Јаховиќ се откажа од ангажманите. Водители на регионалниот музички натпревар се Хрватицата Антонија Влаче, нашата Снеже Велков како и Србинот Александар Радојичиќ кој инаку е актер.

 

 

Што се случи со Емина Јаховиќ?

И покрај тоа што пејачката Емина Јаховиќ сеуште не е исплатена за ангажманот во првата сезона на „Х Фактор“, таа прифати да ја повтори својата улога и во втората сезона, затоа што ужива во овој телевизиски формат, но продукцијата не можеше да ги исполни нејзините услови, па таа се откажа.

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!