Почетна / Телевизија / Жирито за Мартија : Џеј Ло е мал залак за таква ѕвезда како што си ти

Жирито за Мартија : Џеј Ло е мал залак за таква ѕвезда како што си ти

 

Мартија како Џенифер Лопез на сцената на Пинк

 

Во последната четвртфинална емисија, нашата Мартија Станојковиќ ја испеа хит песната од Џенифер Лопез – “On the floor” и како што сите очекуваме и ќе очекуваме, ги доби сите пет гласа од стручното жири.

Публиката и жирито на “Пинковите ѕвездички” ја видоа Мартија во различни изданија, со различни стајлинзи пеејќи различни жанрови на музика. Овојпат таа изгледаше како вистинска светска ѕвезда, што веднаш по настапот искоментира водителката, а потоа и секој од членовите на жирито.

 

 

 

– Ти изгледаш и пееш подобро од Џеј Ло – беше коментарот на Томашевиќ, а Гоца потврди дека ја обожува нашата учесничка и дека ваква песна со толку текст не е воопшто тралалајка за да се испее.

Без зборови останаа и Леонтина и Хари, а пак Милан имаше малку поинаков коментар:

 

 

– Првата критика е што за ваква песна излегоа само две танчерки на сцени. Требаше многу повеќе. И втората критика е изборот на песна. Ти можеш многу повеќе од ова. Ова е мал залак за тебе, Мартија. Кај нас ги имаш веќе сите кредити, и затоа очекуваме спектакл секогаш. Доволно е само да се појавиш и со твојата харизма да ги добиеш сите пет гласа – рече Милан.

Во продолжение видеото, а вечерва на Сител и целата емисија :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!