Телевизија Сител вечерва ќе ја емитува последната епизода од мегахитот “Љубов и казна”. Најгледаната серија на Балканот го стори своето и во Македонија, Саваш и Јасмин беа најзборуваните телевизиски ликови, приказната за болната традиција и пролевањето крв на еден народ никого не остави рамнодушен.
“Љубов и казна” особено се истакна поради својата оригиналност и различност од останатите турски серии, серијата е пример за тоа како треба да изгледа еден одлично спакуван телевизиски проект. Неповторливата музика, преубавите актери, специфичните кадри, одлично одбраните локации и потресната приказна направија Турција да биде горда на еден проект каков што е “Ask ve Ceza”, горди сме и ние како гледачи што бевме дел од него.
Chris | ТВ Пакет