Нови инспиративни приказни на кабловската TLC
Од недела во 21 часот на TLC ќе имаме можност да проследиме низа документарни филмови обединети под името „TLC инспирира“.
Прв на програмата е документарецот „Роден без екстремитети“, емотивна и неверојатна приказна за Ник Вуичиќ кој е роден без екстремитети. Покрај сите препреки што му ги има поставено животот, Ник е горд татко, сопруг и мотивациски говорник. Низ целиот свет е познат како „човекот кој носи надеж“ и во своите говори се обраќа на сите луѓе без разлика на нивната возраст, пол и ситуираност, со желба да им ги промени животите на подобро.
Најмногу сака да зборува пред млади луѓе за надежта и вербата која секој ја има, без обѕир на околностите во кои моментално некој се наоѓа. Од својот прв говор на 19 години, Ник го пропатува целиот свет, изнесувајќи ја својата приказна, а во 2012 стигнал и на Балканот, односно во Хрватска.
Недела потоа на 24 јануари на програмата е документарецот „Првото отчукување на срцето“. Во оваа емотивна приказна ќе ги проследиме Лиса и Дејвид и нивниот сон за дете. Еден искрен и емотивен документарен филм посветен на губењето, абортусите и љубовта кој е снимен цели пет години.
Дани | ТВ Пакет