Запознајте ја Марија Груевска од Битола, таа е дел од музичкото шоу за таленти „Сите наши песни“ што се емитува на Македонската телевизија. Со музика се занимава од особено рана возраст, нејзината цел е професионално да се занимава со музиката, а во животот единствено сака да биде среќна!
Запознајте ја Марија Груевска од Битола, таа е дел од музичкото шоу за таленти „Сите наши песни“ што се емитува на Македонската телевизија. Со музика се занимава од особено рана возраст, нејзината цел е професионално да се занимава со музиката, а во животот единствено сака да биде среќна!
Марија, ти си една од учесниците во „Сите наши песни“. Колку според тебе овој проект е важен за музичарите во Македонија со оглед на тоа што моментално е единствен од својот вид?
Да се биде музичар во една земја по автоматизам се подразбира да се знае музиката на својата земја. Да се биде музичар во Македонија значи да се знае македонската музика. Благодарение на овој прекрасно осмислен проект не само што ние учесниците имаме шанса да се претставиме туку и сите кои го следат овој проект имаат можност да се потсетат на прекрасните рефрени на македонската забавна музика.
Од колку години се занимаваш со музика?
Активно со музика се занимавам од мои осум години со запишувањето во основното Музичко училиште во Битола.
Која е твојата цел во животот на професионален план?
Целта ми е страста кон музиката и пеењето, да не ми остане само хоби, туку да прерасне во моја професија заради тоа изборот падна на средното Музичко училиште во Битола.
Дали си вљубена?
А кој не е? Ако има таков нека ја смени планетата.
Сметаше ли на голема поддршка од битолчани за време на твоето претставување во шоуто?
Секако дека сметам, но сметам и на поддршка од сите кои го следат ова шоу, а се надевам дека поддршката ке биде и за останатите учесници во шоуто.
Како си задоволна од стручното жири и од нивниот однос кон натпреварувачите?
Мислам дека оправдано го заслужуваат епитетот „стручно“ затоа што сите досегашни членови се заслужни за развој на македонската забавна музика и искрено им благодарам.
Омилена пејачка или пејач?
Полека осознавам дека Македонија може да биде горда на своите музички претставници по што искрено се надевам и посакувам во догледно време и јас да бидам гордоста на мојата земја.
Каде планираш да го поминеш летото?
Малку плажа, малку планина, важно е доброто друштво.
Покрај музиката дали се гледаш себеси и во некој друг правец?
Во секој случај се гледам во шоубизнисот.
Што би издвоила за крај?
Неодамна прочитав една вистинска случка за познатиот фронтмен на Битлси. Џон Ленон како ученик во основно училиште требало да напише писмена на тема: „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“, а тој кратко напишал: „Кога ќе пораснам сакам да бидам среќен.“ Истото го посакувам и јас, да го правам она што ке ме прави среќна. Сега среќна ме прави музиката и ова шоу. Се додека ми се даде можност да бидам дел од него можам само да ви се заблагодарам за тоа што не правите среќни сите кои учествуваме во него.
| ТВ Пакет