Почетна / Забава / Запознајте ја синооката убавица која мамеше воздишки на „Ѕвездите на Гранд“, а сега промовира нова песна на македонски јазик

Запознајте ја синооката убавица која мамеше воздишки на „Ѕвездите на Гранд“, а сега промовира нова песна на македонски јазик

Таа е харизматична, нежна но истовремено и енергично-дива, синоока убавица..Запознајте ја Каролин Велковски, 26 годишната пејачка која е родена и живее во Виена, а со потекло од Охрид и Прилеп. Вели дека за местото на живеење е малку дискутабилно да се зборува бидејќи со дечко фудбалер и настапи насекаде низ Австија и Македонија не можеш да живееш на едно место. Така, градови што и претставувале како “втор дом” се Скопје, Мадрид и Пула, а денес живее на релација Австрија, Чешка и Македонија.

Интересно е да се напомене дека Каролин е правничка која има завршено два факултета, економија со маркетинг и правен, а долго време работела во адвокатска канцеларија. Музиката и танцот отсекогаш и биле неостварена желба. Пејачката јавноста имаше прилика да ја запознае во шоуто “Звездите на Гранд” во сезона 2021\22, каде стигнува до третиот круг. Таму таа се претставува и со македонска народна песна..попатно добивајќи доста добри комплименти за нејзините настапи во шоуто.

Последователно на шоуто ја снима нејзината прва песна на српски јазик во октомври минатата година со наслов ”Играрије”, на која работи со српски тим на автори.

“Зора” е нејзината втора песна, а прва на македонски јазик. Песната е во поп-ориентал стил, летна песна која е со модерен ритам и впечатлив рефрен кој влегува во уво, асоцира на рано утро, сонце, уживање, љубов, лето.

Како автори се јавуваат Дони Балкан и Сандра Лукич, а додека како автор на текстот е потпишана и самата Каролин. Спотот го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс и беше промовирана на Јутуб каналот на Урбан Рекордс. Снимањето се одвиваше во аеро клуб во Куманово. – “ Наидовме на малку потешкотии при снимањето поради временските услови, каде дождот и секојдневните врнежи тогаш не ни дозволуваа да ја доловиме летната енергија во спотот“. ни изјави пејачката.

Каролин инвестира многу во својот изглед и градењето на стилот. Преку танцот се обидува да го истакни и стајлингот. Од нејзините досегашни модни изданија можеме да заклучиме дека се работи за доста внимателно одбрана гардероба со впечатливи и сценски парчиња. Каролин ни најавува настап на еден од нашите реномирани музички фестивали, до крајот на годината планирани се уште две нови песни на македонски јазик, многу поголемо присуство со настапи по нашите локали и воопшто на македонската музичка сцена.

Повеќе за нејзината кариера и приватен живот следете ја на социјалните мрежи

Инстаграм

Фејсбук

Тик ток

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!