Вечерва на Сител телевизија веднаш по крајот на тековната сезона од „Бурни времиња“ започна новата турска серија „Наследството на госпоѓицата“. За приказната пишувавме повеќе пати, се работи бајка од типот на „Пепелашка“. Серијата привлече големо внимание уште при емитувањето на првата епизода, фановите на турските серии веќе почнаа да дебатираат на оваа тема низ интернет форумите. Доколку ви се допадна и вас следете не Наследството на госпоѓицата на Фејсбук и бидете во тек со случувањата. Во понеделник во 22 часот ќе се емитува втората епизода.
| ТВ Пакет