Започнаа пријавувањата за новата сезона на најгледаното реално шоу „Големиот брат“. Како и минатите сезони така и оваа учествуваат речиси сите држави од поранешна Југославија, шоуто ќе биде регионално. Македонија е една од земјите кои ќе имаат свој станар или станари во најпопуларната куќа на Балканот. Во Македонија како и претходните сезони преносот од куќата ќе го врши Сител телевизија. Доколку сметате дека би биле интересен лик за публиката на ова шоу не чекајте и веднаш пријавете се на [email protected]. Во просториите на Сител телевизија наскоро ќе се одржат аудициите, потрагата започнува!