Турчинките полудеа не само по црвената коса на Мерием Узерли (29) туку и по накитот со црвени камења што таа како Хурем Султан го носи во турската серија „Величествениот“, објавува ТеВе.
Црвената боја е боја која најмногу е истакната во серијата. Ја гледаме на облеката, накитот, приборот за јадење, велот што жените го носат на главите, завесите, па дури и опремата за коњите.
Црвената боја и во времето на Османлиите претставувала моќ, но бојата во серијата не е истакната само поради тоа. Црвеното симболизира дека Сулејман е вешт војник, но и љубовник. Бојата ја покажува неговата страст, гордост и лутина. Црвената е тука да го истакне огнот и крвта кои го следеле Султан Сулејман во текот на неговото 46 годишно владеење со Османлиското царство.
Во серијата и главната актерка Мерием Узерли има црвна коса. Иако во родната Германија е непозната, во земјите кадешто се емитува серијата таа стана вистинска ѕвезда. Во Турција е толку популарна што постои нијанса боја за коса наречена Hurra црвена, по нејзиниот лик, и одлично се продава. Турчинките се луди по накитот што таа го носи на сетот. Најпопуларни се парчињата со рубин и останатите црвени камења.
Chris | ТВ Пакет