Мегапопуларниот балкански мегахит „Зона Замфирова“ по 11 години добива продолжение. Љубителите на оваа прекрасна приказна наскоро ќе имаат можност да го гледаат вториот дел од филмското остварување. Продолжението на филмот ќе се снима на Власинско езеро, а за потребите на филмот ќе се изгради град „Зона град“ на површина од три хектари, кој по снимањето ќе стане туристичка атракција.
Како режисер на филмот ќе се потпише Југ Радивојевиќ во соработка со еден американски режисер. Актерската екипа останува иста како и во првиот филм, а музиката секако ќе ја компонира Ненад Милосављевиќ којшто работеше и на првиот дел од филмот. Фановите низ форумите изразија огромно задоволство кога се соопштија деталите за снимањето.
| ТВ Пакет