Елена од Струга ја отпеа “Зајди, зајди” во “Пинковите ѕвездички”
Елена Бимбиловска од Струга, една од трите наши учеснички во “Ѕвездичките на Пинк” во најновата емисија ја отпеа култната “Зајди, зајди” и доби само три столчиња од жирито. Членовите на жири комисијата сметаа дека нејзината изведба заслужува оценка – три, дека украсите и трилерите и биле погрешни и дека целата интерпретација била чудна и ладна. Затоа и ја испратија во баражот.
Сепак на крајот, Елена го помина баражот и ќе ја слушаме и гледаме повторно за две седмици во “Ѕвездичките”.
Повеќе за коментарите на жирито за оваа интерпретација на “Зајди, зајди”, дознаваме во понеделник на Сител во 21.15 часот. Во продолжение нејзиниот настап, кој нам сепак ни се допадна :
Дани | ТВ Пакет