Почетна / МК Сцена / Избран четвртиот мобилен оператор – Албафон

Избран четвртиот мобилен оператор – Албафон

 

Албафон е новиот и четврт мобилен оператор во земјава. Стартува со работа како виртуелен оператор, ќе ја користи мрежата на ОНЕ.

Ќе носи префикс 073, а со продажба на картичките ќе започне од август.

Адриан Хоџа извршниот директор на Албафон вели дека за почеток во оптег ќе пуштат 50.000 броеви низ 5.000 продажни места низ државата. Примaрна таргет група ќе им бидат Албанците. Најави конкурентски пакети и поевтини услуги со цел да привлечат голем број на корисници од другите три мобилни оператори.

АЕК на располагање им дала 1 милион броеви. Албафон е новоформирана компанија која во Македонија работела од 2010 година со американско-албански капитал.

Извор: Економски.мк

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!