Пред се, должни сме да се извиниме за проблемите што ги имавме минатата недела. Преголемата посетеност на сајтот доведе до блокирање на серверот каде што бевме хостирани, токму затоа тие денови нашите посетители забележаа нестабилност при повикувањето на адресата на сајтот. За среќа проблемот е решен. ТВ Пакет е повторно тука за вас, а отсега и поблизу до вас.
Ве известуваме дека покрај tvpaket.com.mk, сега сме достапни и на tvpaket.mk, се со цел да бидеме поблизу до вас. На барање на посетителите направивме и уште една промена која се однесува на делот за вашите коментари. Како што веќе забележавте, повеќе нема да има потреба да ја пишувате вашата електронска адреса за да ни кажете што мислите за нашите статии. Коментирајте само под името кое сами ќе го одберете. Секој коментар може да биде оценет од останатите посетители на ТВ Пакет, со позитивен или со негативен глас.
| Тимот на ТВ Пакет