Почетна / Забава / Евровизија / „Империја“ повлечена, се креира нова тема!

„Империја“ повлечена, се креира нова тема!

 

Утрински весник пренесува дека песната Империја со која Влатко Лозановски и Есма Реџепова требаше да ја претстават Македонија на „Евровизија“ во Шведска е целосно сменета. Веќе се подготвува нова песна за фестивалот со сменет авторски тим. Музиката е на Дарко Димитров и текстот на Лазар Цветковски, оној кој ги напиша големите хитови на Влатко Лозановски.

„Македонската радио телевизија, своето право за менување на евровизизиската песна до 18. март го користи целосно и ја повлекува песната „Империја“. Неофицијалните информации од упатени извори велат дека песната „Империја“, од авторите Симеон Атанасов, Дејан Момировски, текст на Борче Нечовски, во изведба на Есма и Лозано нема да биде изведена во мај, на Евросонг во Малме. Веќе се подготвува нова песна со сменет авторски тим: музика – Дарко Димитров и текст на Лазар Цветковски, пишува весникот.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!