Свесни сме дека со нетрпение го очекувате новото продолжение од популарната вебновела „Одмазда“, која што ја читате ексклузивно на ТВ Пакет. Но, овој пат ќе направиме пауза со новелата и ќе поразговараме малку со виновникот за создавањето на оваа оригинална приказна. Се работи за авторот Јовица Крстевски, истиот оној што минатата сезона ја пишуваше „Црвена месечина“. Успехот на првата, беше причина да се роди втора вебновела во Македонија, која што на наше изненадување е уште почитана од првата.
Свесни сме дека со нетрпение го очекувате новото продолжение од популарната вебновела „Одмазда“, која што ја читате ексклузивно на ТВ Пакет. Но, овој пат ќе направиме пауза со новелата и ќе поразговараме малку со виновникот за создавањето на оваа оригинална приказна. Се работи за авторот Јовица Крстевски, истиот оној што минатата сезона ја пишуваше „Црвена месечина“. Успехот на првата, беше причина да се роди втора вебновела во Македонија, која што на наше изненадување е уште почитана од првата.
Колку што можам да забележам твојата вебновела „Одмазда – љубов и смртна казна“ е доста успешна на интернет порталите. Освен на ТВ пакет забележав и друг портал кој што ја презема. Сакам да знам од каде идејата за вебновела?
- Конкретно самиот поим вебновела е доста распоространет низ светот, особено во Латинска Америка и Русија. Пред две години започнав да работам своја вебновела којa исто беше успешна на порталот ТВ Пакет, а еве веќе и втората си наоѓа своја публика.
Од каде мотивацијата да се пишува за егзотични земји како Мексико и Бразил? Зошто дејствието на твоите вебновели не е сместено во земји поблиску до нас, до нашата култура?
- Луѓето најчесто пишуваат за она што најмногу го сакаат и го познаваат. Никогаш не сум бил во Бразил и Мексико иако имам голема желба да ги посетам еден ден, но уште од мал сум голем обожавател на нивната култура, традиции, обичаи, ги имам доста проучувано и можеби затоа така добро се претставени во моите новели, иако нели јас не потекнувам од тие краеви.
Во „Одмазда“ многу добро се опишани ритуалите на луѓето во дваесетите години на дваесетиот век, има вметнувано политички дебати. Дали се подготвуваш пред да започнеш со пишување?
- Кога станува збор за дејствие сместено далеку во минатото како во случајов, да. Проучувам кој биле политичките гледишта баш во таа година, кој биле претседатели, кои биле популарни автори и книги. Оние кои редовно ја читаат „Одмазда“ сигурно наишле на дебати помеѓу ликовите за политичарите или за дебата околу некој роман или автор. Сите тие податоци се проверени и не се само така нафрлени туку се релевантни.
Во „Одмазда“ главната хероина е една атипична жена за денешно време. Нејзиното однесување и акции дојдоа до одбивање кај публиката.
- Токму поради тоа што Естер е атипична жена за 21. век, била типична жена сто години претходно. Таа е покорна, повлечена сопруга и грижлива мајка. Нема испади на бунтовност и тоа ја прави наивна на моменти, но тогаш жените немале ни право на глас, особено жените на село како Естер Амарал која е под сенката на својот деспотен и доминантен сопруг.
Од друга страна, пак, ликот на Фаусто Кастењон е толку моќен и силен, на моменти дури заплашува.
- Фаусто всушност е анти-протагонистот на приказната. Присутен е во речиси секоја сцена. Неговото зло не познава граници, а ќе биде многу повеќе манифестирано во следните продолженија. Кога работев на Фаусто како лик, сакав луѓето да го мразат, исто колку што сакав да го сожалуваат. Мислам дека успеав во тоа.
Во вебновелата допираш и работиш неколку табу теми како хомоскесуалноста.
- Да, токму поради тоа и ликот на Алис е еден од најинстересните на публиката. Во тоа време хомосексуалноста ја сметале за болест, затоа и Алис е така третирана и неразберена од никој во фамилијата. Нејзината наклонестот кон истиот пол ќе и донесе многу неволји.
Како ја создаваш идејата за реализација на една вебновела?
- Тоа е еден долг процес кој трае со денови, а некогаш и месеци. Не седнувам да пишувам дијалози ниту случувања додека не ја добијам целата визија во глава. Често одам во крајности, барам локации каде да биде сместен имотот на Google Earth, избирам ликови кои сметам дека можат да му дадат живост на ликот, смислувам сиже, кратка содржина, дури и музички нумери. Морам да ја комплетирам целата визија во глава пред да отворам нов фајл и да почнам да пишувам.
Уште колку останува од „Одмазда“ за читање?
- Нешто помалку од половина. Кон крајот на месец јуни ќе го прочитате и крајот на сагата.
Мoжеш ли малку да ни откриеш што не очекува на крајот?
- Ве очекува многу неизвесност. Финалето е навистина неочекувано и трогателно, верувам дека многу читачи ќе останат со солзи во очите.
Дали тоа значи дека ни навестуваш трагично финале?
- Солзи не секогаш се еднаквост на трагедија. Можеби ќе бидат солзи радосници. Ќе видите, навистина не сакам да зборувам за финалето, сакам да прочитате самите и да пресудите.
Што е твојата моментална инспирација?
- Моментално…Летото. Долгите песочни плажи, боса новата, кариоките, коктелите, ноќите со полна месечина, Рио…
Дали тоа значи дека и следната вебновела ќе биде на бразилско тло?
- Ќе видете од есен. Навистина не би сакал многу да зборувам за тоа. Како што реков, сега сеуште е се на инспирација, а што ќе биде и каде ќе биде има време.
Дали барем би можел да ни го откриеш насловот на новата вебновела и од кога да ја очекуваме?
- Насловот ни самиот сеуште не го знам, имам неколку идеи во глава но ништо не е финално. Кон крајот на летото веќе треба да почнам да ја објавувам, ако биде се во ред. До тогаш уживајте во „Одмазда“.
П. Кацаровска | ТВ Пакет