“Hell on wheels” – од понеделник до петок на Телма
Од четврток (21 јануари) на местото на “Arrow”, на Телма ќе се емитува нова сезона од американската серија “Пекол на тркала”. Се работи за вестерн серија во продукција на AMC, каналот кој ги создаде култните “Breaking bad”, “Mad man” и “The walking dead”. На Телма ќе се емитува во секој работен ден во 21:30 часот. Во продолжение ве потсетуваме што гледавте во првите три сезони, емитувани во ноември и декември минатава година :
Дејството на серијата се одвива во шеесетите години од 19. век, веднаш по убиството на Абрахам Линколн и го следи животот на Кален Бонан, бивши војник на Конфедерациската војска кој е во потрага по војниците на Унијата кои ја убиле неговата жена и синчето за време на Граѓанската војна. Потрагата го носи до гратчето Пекол на тркала, каде е започната со изградба првата трансконтинентална железница. Серијата ја покажува институциската корупција, како и новонастанатите неприлики од неодамна ослободените афроамерикански робови.
Во тоа гратче се запознаваме со секакви луѓе, од министри, робови кои се во потрага по место под сонцето, проститутки, работници и инспектори кои во тоа место на корупција, ги прогонуваат само невините животи. И сите тие приказни и тие луѓе се раѓаат, живеат и умираат во Пеколот на тркала, за време на градењето на Железницата.
Улоги : Anson Mount, Colm Meaney, Common, Dominique McElligott, Tom Noonan, Eddie Spears, Ben Esler, Phil Burke
Дани | ТВ Пакет