Во Вторник (14.10), за првпат во Република Македонија, ќе се оддржи Саем за Вработување. Налик светските метрополи, СЦ Борис Трајковски ќе биде домаќин на повеќе од 80 компании, кои ќе имаат свое претставување пред граѓаните. Саемот е во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија, која верува дека на овој начин ќе се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд.
Саемот за Вработување ќе го отворат Вицепремиерот за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, Министерот за труд и социјална политика, г-дин Диме Спасов, и Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија, г-дин Влатко Поповски. Дополнително, во склоп на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички на истиот.
Првиот Саем за Вработување, ќе се оддржи во Вторник (14.10), од 10 до 17 часот, во СЦ Борис Трајковски. Истиот е во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија.
Датум: 14.10.2014
Време: 10:00 часот
Локација: СЦ Борис Трајковски