Агнет со “Icebreaker” во Стокхолм на Евровизија
Оваа скандинавска земја на Евровизија настапува од 1960-та година. Досега победиле три пати (во 1985, 1995 и 2009) година. Интересно што земјата исто така го држи рекордот заедно со Австрија за земји со најмногу нула поени на Евровизија (11 пати последно место и 4 пати нула поени). Од 2004 па наваму завршуваат дури шест пати во десетте најдобри. NRK, нивниот официјален јавен сервис учеството во Стокхолм го најави уште на 27 мај минатата година изјавувајќи дека Melodi Grand Prix и натаму си останува нивниот избор за песна на Евровизија.
Над 1000 композиции беа пријавени за изборот, а комисијата ги одбра само 10-те најдобри кои настапија на 27 февруари во Осло Спектрум арената. Финалето го гледаа над 1,3 милиони гледачи што го прави нивното најгледано издание од 2010 година. Победникот беше одлучен од гласовите на публиката која гласаше по региони во државата, и со убедлива победа од 166,728 дури за 80,000 повеќе од второпласираниот ја однесе Agnette со нумерата Icebreaker.
Agnete Kristin Johnsen има 21 година и на Норвешката музичка сцена е позната по својот тин панк бенд The BlackSheeps создаден уште во 2008 година. Настапувале на Melodi Grand Prix Junior во истата година, а нивната песна “Oro jaska, beana” добила многу награди и била на врвот на топ листите скоро цела година. Во 2011 настапуваа на Melodi Grand Prix за песна на Евровизија каде што се пласираа на второто место. Неколку месеци подоцна бендот се растурил. Агнет во 2014 година настапува во норвешкото издание на Dancing With the Stars каде што го освојува првото место заедно со Егир Филипенко.
Дани | ТВ Пакет