Почетна / Телевизија / И Хрватската телевизија ја очекуваат промени

И Хрватската телевизија ја очекуваат промени

 

Поранешниот декан на ВЕРН и поранешниот директор на ТВ Загреб, Горан Радман со 92 гласа за, 21 против и еден воздржан е избран за главен директор на Хрватската радиотелевизија, јавува ТеВе.

„Го избравме најдобриот од пријавените кандидати. Неговото минато говори дека се работи за одговорен, одмерен и комплетен човек кој знае какви проблеми го чекаат и е подготвен да се соочи со нив“, изјави Јосип Крегар на седницата.

Радман во својата програма наведе дека како главен директор на ХРТ, сака темелно да го промени сегашното раководство кое ќе биде пофункционално за програмата на телевизијата, а тоа ќе го сработи според примерот на модерните јавни европски радиотелевизии. Неговата цел е програмско, кадровско, технолошко и работно преструктуирање, умерено распределување на финансиите и дигиталицација на програмата.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!