Почетна / Телевизија / Х Фактор / Кавги, скандали и спречена тепачка вчера во „Х-Фактор“

Кавги, скандали и спречена тепачка вчера во „Х-Фактор“

 

Голем скандал избил вчеравечер веднаш по завршувањето на осмото live издание од „Х-Фактор“, Славко Калезиќ ја нападнал водителката Ана Михајловски поради нејзиниот коментар пред неговиот настап!

 

 

Имено, целата приказна започнала непосредно пред емитувањето на шоуто, во текот на генералната проба. Ана доживеала непријатно изненадување кога видела дека Калезиќ ќе се појави во емисијата, па направила мал скандал.

– „Почна да вика ‘Тргнете ми го овој мајмун од сцена’ а откако продукцијата одби да го направи тоа, Ана го повика обезбедувањето и заедно со нив си отиде во својот апартман“, вели извор сведок на случувањето.

Сепак, тука не завршува приказната, Ана настапот на Славко го најави со несоодветни зборови па дури не му го спомна ниту името, па по завршувањето на шоуто, Ана се упатила кон својот апартман зад студијата, каде на вратата се појавил Славко!

– „Дивјачки удираше по вратите на апартманот на Ана, а водителката мораше да се заклучи и да ја турне фотелјата до бравата. Вриштеше: ‘Отвори да видиш што е Црногорец, сега ќе те здробам’ и  целата зграда го слушна. На крајот мораше да интервенира обезбедувањето кое го оддалечило од апартманот“, додава изворот.

 

 

Ана не сакала да го напушти апартманот, се додека не била сигурна дека опасноста, односно Славко, си заминал од студијата. Актерите на скандалот се недостапни за коментари.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!