Откако медиумите го раширија трачот дека по завршувањето на снимањето на “Survivor” Маја Лена и Огњен Кајганиќ толку многу се зближиле што дури поминале и една ноќ заедно, најновото издание од шоуто ги потврди гласините. Имено, Маја Лена едно утро се разбудила во прегратките на Огњен.
“Ми беше ладно, ве молам немојте да ги извртувате работите. Човекот е 20 години постар од мене. Ве молам не претерувајте”, коментираше возменирената Маја Лена.
И додека таа остро ги демантира било каквите врски со Огњен, згодниот ракометар кон неа се постави потполно заштитнички.
“Маја Лена е прекрасна девојка, но мислам дека во ова шоу не би можела сама да се снајде. Да беше опкружена само со жени на овој остров таа нема да можеше да функционира”, изјави Огњен.
Chris | ТВ Пакет