„ПАТОТ ДО СОНЦЕТО“
од утревечер на Сител телевизија
„Патот до сонцето“ е турска мини серија, напишана од истиот автор и снимена од истата продукција на „Имотот на дамата“. Дури и приказната и локациите се исти како од споменатата серија. Оваа серија со прикажување започнува утревечер (петок) на Сител телевизија, а кои денови ќе се прикажува и во кои термини, ќе дознаете од редовната објава за теленовелите и нивните епизоди.
Содржина:
Дејството започнува во 1965. година во турска Адана. Нуран е млада и невина девојка која живее во едно мало село и е вљубена во Решат. Таа работи како чистачка, а Решат како возач на богат имот. Нуран сонува да има среќен живот со Решат, а пак нејзиниот брат Исан со сила сака да ја омажи за богат човек кој за возврат ќе плати голем мираз за девојката. Единствената надеж за Нуран е да побегне со Решат далеку од нејзиното семејство, некаде каде никој нема со сила да ја омажи и тепа.
Но, разочарувањето е поголемо кога дознава дека Решат ја изневерува со друга жена, и тоа со сопругата на неговиот газда. Разочарана и тажна, Нуран бега во Истанбул следејќи ја желбата да стане филмска ѕвезда. Тука го запознава продуцентот Кенан, кој сака да и помогне на младата девојка, но истовремено и се вљубува во неа. Оваа ситуација нема да биде лесна за Нуран затоа што во Истанбул ја следат бившиот дечко Решат и нејзиниот брат Исан кој сака да ја врати дома. Девојката која сака да го отсонува својот сон на крајот го запознава вистинскиот живот кој ќе и ги покаже болните вистини за реалноста.
Улоги: Sükran Ovali (Нуран), Cansel Elcin (Кенан), Ilker Aksum (Решат), Ferit Kaya (Исан), Ezgi Mola (Леман), Ayse Nil Samlioglu (Ѓулу) и други.
Дани Петковска | ТВ Пакет