Дали знаевте што симболизира логото на хит серијата „Ангели“? Приказната во серијата се менуваше низ годините, а со неа и логото на истата. Дознајте што претставува дури и најситниот детал од логото на Casi Angeles.
Дали знаевте што симболизира логото на „Ангели“? Приказната во хит серијата се менуваше низ годините, а со неа и логото на истата. Дознајте што претставува дури и најситниот детал од логото на Casi Angeles.
Во првата сезона логото е сочинето од две крилја што се соединети со безбедноста игла, која воедно ја претставува буквата А од „Angeles“. Крилјата се закрпени со различни парчиња за да се нагласи сиромаштијата и дупките во нивните срца, објаснува Крис Морена која се потпишува како автор на проектот.
Разликата помеѓу логото на првата и логото на втората сезона е минимална. Закрпените парчиња тука повеќе ги нема затоа што ликовите во серијата веќе не се сиромашни, туку се дел од едно големо и прекрасно семејство.
Во логото на третата сезона исчезнува и безбедносната игла што ги соединуваше крилјата. Фонтот на буквите со којшто е испишано името на серијата претрпува мала промена, но додадена е позадинска фотографија со „mandala“ (круг), кој е важен симбол на третата сезона. Училиштето што го посетуваат тинејџерите во серијата, на пример, се вика „Mandalay“. Краток период во третата сезона логото е затемнето затоа што ликот Камило Естреља е опседнат од негативецот Хуан Круз.
Четвртата сезона е претставена со комплетно ново лого. Овој пат во портокалова и црна боја и со различен фонт. Во средината на логото може да се забележи симболот за мир од кој излегуваат крилја.
Крис Манев | ТВ Пакет