Британскиот актер Хенри Кавил на сите свои фанови им открил како своето тело го довел во совршена форма за улогата на Супермен во филмот „Man Of Steel“.
Доказ дека секојдневното вежбање и вложениот труд во физичките подготовки и тоа како се исплателе за актерот Хенри Кавил, ако се земе во предвид дека неговото остварување на улогата на Супермен во филмот „Men of Steel“ или „Човек од челик“ добива и повеќе од одлични критики.
Во текот на изминатиот викенд на благајните од киносалите, филмот остварил вкупна заработка од 128,7 милиони долари и со тоа ја добил титулата на најдобро филмско остварување во јуни.
Во видеото, во рамките на кое што се прикажани вежбите, Хенри ја соблекува блузата и притоа ги покажува своите неверојатни мускули на кои што би позавиделе голем број на припадници на посилниот пол.
Неодоливиот актер во видеото му се заблагодарува на својот тренер Марк Твајт, кој му помогнал при предизвикот да го донесе своето тело во топ форма за улогата во филмот кој ќе го прослави ширум светот.
„Марк Твајт е еден од најневеројатните луѓе кои што некогаш сум ги запознал. Ми ги отвори очите и ми ги прошири погледите, односно ме увери дека можам многу нешта да направам со своето тело. Тој навистина е човек достоен за неизмерна почит“, изјавил сексапилниот актер.
Режимот на вежби низ кои што поминал Кавил всушност е дел од обуката на Американската национална гарда, а од видеото во продолжение погледнете дел од неговиот тежок тренинг. Сето ова е доказ дека за беспрекорниот изглед и славните личности мораат да работат напорно.
преземено од Точка
{gallery}062013/supermen{/gallery}
| ТВ Пакет