Вечерва ќе се одржи второто полуфинале од фестивалот „Евровизија“, она за кое фановите велат дека ќе претстави многу поквалитетни песни од првите 18 што ги слушнавме во вторникот. Интересно е тоа што повеќето земји од Балканот ќе се претстават токму вечерва, особено оние од поранешните југословенски простори меѓу кои и Македонија. Калиопи ќе настапи втора веднаш по претставникот на Србија. Во продолжение погледнете го видеото и фотографиите од генералната проба на „Црно и бело“, кои откриваат како Калиопи ќе биде облечена вечерва.
{gallery}052012/kaliopi{/gallery}
Chris | ТВ Пакет