Грипот си замина, натпреварот продолжува!
Ексклузивен гостин во шестото live издание на мегапопуларното шоу „Х Фактор“ ќе биде македонската поп ѕвезда Калиопи! Како што дознаваме од луѓето од продукцијата, грипот е соборен, а подготовките за следното шоу се во тек. Калиопи ќе настапи во ревијалниот дел и вели дека со задоволство прифатила да гостува во шоуто.
– „Х Фактор е најгледаното светско шоу кое се емитува во многу земји. Да се биде или не, адреналин, модерна драма, која ни самиот Шекспир не би можел да ја исценира. За мене е голема среќа да се биде гостин во Х Фактор“, вели Калиопи.
И покрај сите шпекулации и трачеви најгледаното шоу на Балканот продолжува да се одвива и развива без никакви проблеми. Во вторник во 21 часот на Сител телевизија не пропуштајте го шестото live издание.
Крис Манев | ТВ Пакет