Калиопи повторно ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија којшто ќе се одржи во 2013. година, пишува српски Пулс, повикувајќи се на некои македонски медиуми. Според весникот голема е веројатноста, Калиопи повторно и оваа година да се бори за пласман на земјава на Евровизија. Според некои медиуми фаворит за наш претставник на изборот за песна на Евровизија кој оваа година се одржува во Шведска, е Влатко Лозаноски, а фановите пак, на форумите како можни кандидати ги истакнуваат и Биба Додева и Каролина Гочева.
Ивана Таневска | ТВ Пакет