Сабота и недела во 18 часот – квизот “Без поени”
Секоја сабота и недела на Сител телевизија ќе се емитува македонската верзија на британското гејм шоу “Pointless”. Лиценцата е купена од Endemol која претходно за Сител ја продаде лиценцата на “Се или нешто” (Deal or no deal). Квиз шоуто ќе се емитува во 18 часот, а водителка е Снеже Велков.
Ова е квиз на општо знаење во кој се натпреваруваат четири пара кои треба да даваат брзи одговори на прашања од различни области. Паровите може да бидат составени од членови на фамилијата, колеги, пријатели или луѓе кои се чувствуваат блиски. Целта на играта е да се соберат што помалку поени, а прашањата се кратки од типот “Наведи американски претседател”, “Наведи име на река”. “Наведи раса на куче”, “Наведи лик од турска серија”. Натпреварувачите во студиото одговараат на исти прашања, а бројот на поени за секој точен понуден одговор одговара на бројот на личностите од групите кои дале ист одговор. За да се победи во оваа игра, важно е натпреварувачите да дадат одговор кои мислат дека ќе го знаат што помалку луѓе.
Шоуто своја верзија доби и во Хрватска, Франција, Германија, Полска, Швајцарија, а во Србија се прикажуваше под називот “Toga se niko nije setio”.
Дани | ТВ Пакет