Почетна / Серии / Керим и Аси заедно во нова турска серија

Керим и Аси заедно во нова турска серија

 

Иако до неодамна Џансу Дере (Ејшан) беше главен фаворит за партнерка на Енгин Акјурек (Керим) во серијата „Kara para ask“, таа сепак нема да биде дел од проектот. Главната женска улога ќе ја одигра Туба Бујукустун, незаборавната Аси од истоимената серија.

 

 

Интересно е тоа што оваа актерка беше првиот избор на продуцентите, но таа ја одби нивната прва понуда. Во трката за главната улога влегоа и Баде Ишчил, Седев Авџи и Ојку Карајел. Сепак, поради тоа што со ниту една од нив не беше постигнат договор, продукцијата повторно ја контактираше Туба, која овој пат беше расположена за соработка.

 

 

Последниот проект на убавата Аси беше серијата „20 dakika“, додека ѕвездата од „Судбината на Фатмаѓул“, Енгин, на 14. февруари ја очекува премиерата на филмот „Bi kucuk Eylul meselesi“ каде игра со Фарах Зејнеп Абдула позната како Ајлин од „Бурни времиња“.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!