Денешниот ден, 24-ти мај, е прогласен за државен македонски празник. Овој ден е посветен на сесловенските просветители и учители, светите солунски браќа Кирил и Методиј. Тие се основачи на првата словенска азбука – глаголицата. Црквата, 24-ти мај (11-ти мај по стартиот календар) во 11-от век го прогласила за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Македонија, овој празник првпат го одбележа во 1860-та година во црквата Св. Богородица во Скопје.
По тој повод, пред неколку години Тоше и пријателите испеаја песна за Кирил и Методиј, да се потсетиме како тоа звучеше.
Chris | ТВ Пакет