Вчеравечер се случи една манифестација од која многумина се разочараа, како што впрочем и беше очекувано. Имено, Универзалната сала се претвори во едно големо гнездо полно со распеани чавки, еден медиум се согласи да го пренесува настанот на телевизија, но откако истиот забележа каква грешка направил, навремено го прекина преносот! Браво за интервенцијата, браво за навременото спречување на болката во ушите на гледачите.
Од изведбите на раштиманиот оркестар никој не замина задоволен. Малолетните деца видоа голотија несоодветна за нивната возраст, целата публика залудно помина еден час во Универзалната сала чекајќи ги чавките да започнат со своето кракање, дел од публиката требаше сама да се снајде со место за седење, а телевизиските гледачи мораа преку интернет да дознаат кој победил.
Од најавениот спектакл ни траг! Стручно жири составено од неискусни пејачи; дел од публиката без ливчиња за гласање; бендот заменет поради нетрпеливоста на еден од музичарите со една од водителките на манифестацијата; еден настап откажан; стајлинзи од кои печат очи…
Да продолжам ли? Ајде уште малку. Народно оро на “Rolling in the Deep”! Побогу, лошите примери од бугарските артисти се пренесуваат на македонската сцена, ова е невозможно! Врв на вечерта беше групата огорчени новинари кои со песна ја деградираат својата професија и тоа на манифестација посветена на тие за кои пеат, многу оригинално! Некој спомена и дека ако продолжеле вака ќе сме ги виделе на Евровизија.
АЛО!? Евровизија го губи квалитетот со текот на годините, но сеуште не го допрела дното!
Chris | ТВ Пакет