Екс фронтменот на легендарните Underworld и супер стар диџеј Дарен Емерсон води исклучително здрав живот. Токму поради тоа, за неговиот саботен настап, тој ја испрати неговата листа на барања.
Како што не информираат од „Sun production“, диџејот поради здравиот начин на живот, ги изненадил организаторите со „интересни“ барања за време на неговиот престој во Скопје. Имено, Дарен во последниве неколку години решил да води исклучително здрав живот, па поради тоа на организаторите строго им било нагласено дека за време на престојот во секое време во негова близина треба да има памучни пешкири, дури и возачот кој ќе го вози додека е во Скопје мора да биде облечен во облека која содржи 100% памук.
Кога е во прашање храната задолжително мора да се состои од овошје, зеленчук, свежо млеко и.т.н. Посебно е нагласено дека во секое време треба да има морков, цвекло, корен од ѓумбир, а исто така и тегла планински мед.
Sun production ги исполни неговите барања, останува уште да се погрижите за снабдување со тикет за оваа ултра добра журка и да бидете сведоци на неговите вешти раце. Влезници во предпродажба по супер промотивна цена од 200 денари почнувајќи од среда 3 април, додека пак од 11-13 април 250 денари, во ЈУГОТОН, OFFICE PLUS (Рамстор, Сити мол, ГТЦ, Paloma Bianca) и во ОНЕ салоните ширум републиката!!!
| ТВ Пакет