Важна информација за сите фанови на Enrique Iglesia и љубителите на добрата музика – комплетно е распродаден партерот за концертот на Enrique Iglesias во Скопје уште минатата недела. Во продажба се се`уште само билетите за трибините. Сите они кои сакаат да присуствуваат на првиот концерт на изведувач од А листата во историја на Македонија, а се`уште немаат билет, нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден до понеделник, 13-ти јуни, една недела пред неговиот концерт во Скопје.