Почетна / Серии / Контроверзии околу „Вештерките“. Голи и опасни!

Контроверзии околу „Вештерките“. Голи и опасни!

 

Помина само една недела од премиерата на хит серијата за млади, „Вештерки“, но зад истата веќе се крена голема прашина. Покрај смелите лезбејски сцени што предизвикаа различни коментари, вчера до Сител телевизија пристигнало писмо кое, наводно, е потпишано од еден загрижен гледач што вели дека „злото самото по себе е немоќно, тоа има сила единствено доколку ние му ја даваме“, сакајќи да каже дека не треба да се гледаат серии со вештерки, вампири и други сатанистички сили, оти тоа би можело да влијае лошо на нас лично.

 

 

Човекот се потрудил толку многу околу својата „кампања“ против серијата, што препишал три страни од книгата-зборник „Последња времена данас“, каде една жена сведочи за нејзиното искуство со вештерките во реалниот живот. „И белата магија е црна“, вели поранешната вештерка-чирак, како што самата се нарекува, и почнува да раскажува за она што го видела.

 

 

„Имав дозвола да посетувам некои вештерски обреди кои се викаа „Шабати“. Тие се одржуваат во текот на полна месечина секој месец и служат за „зголемување на моќта“ заради постигнување на одредени резултати. „Ноќ на вештерките“ е еден од најголемите празници и посветен е на „Рогатиот Бог“. Нашето „сестринство“ култот го практикуваше во облека, но има сестринства кои (во текот на идолослужењето) се голи. Значи, тука имаше одежди, огрлици, изгравирани сребрени нараквици, прстени и други амајлии, темјан, прскање со вода и кабалистички инкантации. Во текот на инкантациите во повисок степен, вештерката со своја крв го запишува своето вештерско име во „Книгата на сенките“ што ја држи Големиот Жрец. И покрај општото мислење, нема никави жртви. Не користевме магијски формули за да наштетиме. Не бевме „црни вештерки“, ниту сатанисти“, вели жената што наводно во живо ја видела популарната „книга на сенките“.

 

 

„Вештерките“ на Сител работат на поинаков начин, тие не користат „книга на сенките“, ниту пак се голи додека извршуваат вештерски обреди. Но затоа „паднатите ангели“ таму немаат проблем да се соблечат. Лошиот Азазел крие многу работи во врска со неговото минато, но она што не го крие е своето тело.

Актерот Мајкл Фесбендер за магазинот „W“ со насмевка изјави дека „од самиот старт на неговата кариера, тој бил гол“, па затоа одлучи и со нив да направи една фотосесија соблекувајќи се постепено.

 

 

 

 

Тимот на ТВ Пакет постојано ќе ги следи пикантериите поврзани со серијата „Hex“, бидете со нас!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!