Концертот на Драгана Мирковиќ кој во склоп на “Superstar weekend-от” требаше да се одржи на 19ти мај во ВИП Арената во Скопје се откажува на барање на фолк ѕвездата поради актуелната политичка ситуација во Македонија. Од друга страна концертот на Аца Лукас закажан за 20ти мај во ВИП Арената со почеток во 20:30 ќе се одржи како што е веќе и објавено.
Драгана Мирковиќ смета дека поради актуелната политичка ситуација во Македонија сега не е време за нејзин концерт но на своите фанови им ветува дека секако концерт во Скопје ќе има, најверојатно во септември, затоа што Скопје е еден од градовите од нејзината турнеја “Една од милион” која опфаќа 15 града. Сите оние што веќе имаат купено влезници за откажаниот концертет истите може да ги рефундираат на истите продажни места каде што се купени. Аца Лукас пак мисли дека музиката може да предизвика само позитивни вибрации и ги повикува сите негови фанови и сите љубители на добрата забава да му се придружат на 20ти мај во ВИП Арената на Скопскиот дел од “Најголемите журки на Балканот”: – Музиката не познава граници, јас сум тука да ги забавувам луѓето и политиката воопшто не ме интересира. За македонската публика сум посебно врзан и секогаш сум тука за нив. Моја задача е луѓето да заборават на секојдневните грижи и ветувам одлична одлична забава со сите мои стари и хитови и песните од новиот албум, рече познатата фолк ѕззведа. Инаку влезниците за концертот на Лукас одлично се продаваат иако до концертот има уште повеќе од 40 дена.