Иако во текот на својата кариера таа сними 20 успешни теленовели, Кораима Торес засекогаш ќе остане запаметена како касандра, главната хероина од истоимената серија, која нашата публика ја гледаше дури и во репризните термини на емитување. Оваа незаборавна теленовела актерката почна да ја снима кога имаше само 17 години, а неверојатната хемија што тогаш ја оствари со Освалдо Риос, беше клинец со кој ја прикова публиката пред малите екрани.
„Луѓето и денес ме викаат Касандра кога ќе ме сретнат на улица. И на Твитер ме ословуваат со тоа име и ме прашуваат дали се сеќавам на Ранду“, вели таа низ насмевка и додава дека нејзиниот живот се дели на пред таа теленовела и после неа.
Нашата публика оваа актерка ја гледаше во четири теленовели, сепак кога ќе се спомене Кораима Торес никој нема да се сети на тие проекти туку на некое подобро време, кога Македонската телевизија во прајм-тајм ја емитуваше сагата за богаташката што порасна со Циганите. Незаборавната Касандра неодамна заврши со снимањето на серијата „Пет вдовици“, а моментално разгледува понуди за некои нови проекти одмарајќи се во својот дом во колумбијската претолнина, кадешто живее со сопругот и синот.
1992-1993. Благодарение на „Касандра“ ја запозна цел свет
1995. На сетот на „Соништа и огледала“ го запозна сопругот Николас
1999. „Марија Емилија“ е една од нејзините најдраги теленовели
2004. Во „Срце на дланка“ играше со Рикардо Алмо
2008. Во прегратка на Хорхе Као во „Последниот среќен брак“
2010. Гостуваше во историската теленовела „La Pola“
2011. Со Фернандо Солорсан во мини серијата „Доверливо“
2012-2013. Како Вирхинија во новата серија „Пет вдовици“
| ТВ Пакет