Викендов една танцова двојка го напушта „Танц со ѕвездите 2“
Започнува најинтересниот дел од втората сезона на македонската верзија на „Танц со ѕвездите“ која можете да ја следите секоја сабота и недела во 20:35 часот на МРТ1.
Продукцијата зад големиот проект, „Дрим фактори“ го означува стартот на емисиите во кои ќе излегува по една танцова двојка. Победникот кој ќе ја понесе титулата за најдобра танцова двојка во втората сезона на „Танц со ѕвездите“ се бара помеѓу радискиот и ТВ-водител Димитар Атанасовски, каратистката Наташа Илиевска, пејачката Сара Мејс, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, музичарот Владимир Крстевски- Франц, моделот Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски, и нивните професионални танц-партнери.
Доколку не сакате вашиот фаворит да го напушти шоуто, гласајте со испраќање порака со редниот број на 147 99 од сите мобилни оператори во Македонија. Средствата собрани од гласањето преку СМС ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
| ТВ Пакет