Во саботата започна музичкиот маратон на Каролина Гочева, односно концертната промоција на новиот албум „Македонско девојче 2“. Вчеравечер се случи вториот концерт, а вечерва се очекува третиот, Каролина ќе одржи вкупно шест концерти до 25. февруари.
Она што е хит моментално од нејзиниот нов албум е песната „Кој да ми пее“ со која таа го започна концертот. Самата Каролина и нејзините соработници неколку пати споменаа дека оваа песна е најубавото парче од новиот албум. Вчера на видео сервисот Youtube како порачана се појави оваа песна за сите оние кои што сеуште не биле на концертот и не го имаат албумот во своите раце. Песната е хит на социјалните мрежи.
За да ја слушнете песната одете на следниот линк, бидејќи корисникот забранил споделување на ова видео.
Каролина Гочева – Кој да ми пее
| ТВ Пакет