Старлетата Сораја Вучелиќ наскоро ќе влезе во музичките води. Како потенцијален финансер на нејзината музичка кариера се споменува „Емоушн“, продукцијата што од неа направи јавна личност. Меѓутоа, од сето тоа единствено е вистина дека таа овие денови навистина ќе влезе во музичко студио. Финансиер е богат човек од Дубаи со кого старлетата е во врска веќе неколку месеци.
„Сораја не го открива неговиот идентитет, но вели дека е многу вљубена. Со него се запознала на почетокот на годинава во Дубаи. Тој веднаш се вљубил во неа, а може се каже дека се работи за обострана љубов на прв поглед“, изјавува близок извор до старлетата.
Старлетата во јавноста води сметка за своето однесување од кога е во врска со него. Дури и станарите во куќата на „Големиот брат“ често и префрлаа дека глуми светица и невина. Често пати самата изјави дека надвор има некој вреден што ја чека и оти не би сакала со своите постапки да го направи љубоморен или да го повреди.
| ТВ Пакет