Вечерва на Сител телевизија заврши втората сезона од турската хит серија „Бурни времиња“. Сите оние што ја гледаа ќе се согласат со тоа дека крајот беше и повеќе од тажен, депресивен би рекле. Али остави проштално писмо и одлучи да им се предаде на морските бранови. Десет години подоцна ќе се одвива третата сезона, а во малата најава за новите епизоди Џемиле беше прикажана како скршена жена којашто тешко се држи дури и по една деценија. Таквиот момент ги натера гледачите да се запрашаат дали Ајлин го преживеа породувањето?
Крис Манев | ТВ Пакет