Почетна / Серии / „Крилја на љубовта“ – серијата што ги освои гледачите во 45 земји, ќе се емитува на Timeless Dizi Channel Македонија

„Крилја на љубовта“ – серијата што ги освои гледачите во 45 земји, ќе се емитува на Timeless Dizi Channel Македонија

Серијата „Крилја на љубовта“ го носи белегот на познатата турска ТВ продукција Ay Yapim и во неа глумат харизматичните актери Седа Бакан и Кадир Догулу. Седа Бакан (35) е актерка која е дел од новиот бран на турската кинематографија, со 7 активни филмови и над 10 серии. Кадир Догулу (35) беше лансиран во шоубизнисот со појавувањето во едно видео после кое почна да добива понуди за улоги. Интересно е што Догулу долго време работел како готвач, а во оваа серија игра улога на … готвач кој поседува ресторан! Оние кои го следат приватниот живот на турските ѕвезди знаат дека Кадир е во брак со убавата и позната турска актерка Неслихан Атагул, која ја гледаме во безвременската љубовна приказна „Карасевда“ на Timeless Dizi Channel.

„Крилја на љубовта“ ги има сите состојки за успешна серија: емоции, драма, опасност, пресврти на судбината и, се разбира, многу љубов. Лејла (Седа Бакан) е самохрана мајка која се омажила за богатиот бизнисмен Хашмет со цел да му даде подобар живот на својот син. Сепак, работите добиваат неочекуван пресврт на денот на нејзината венчавка, кога Лејла открива дека Хашмет има темна страна. Алпер (Кадир Догулу), кој е вработен кај Хашмет, ѝ помага да избега, а двајцата неизбежно се вљубуваат.

Серијата истражува многу од прашањата што си ги поставуваме во текот на целиот живот за тоа што би направиле и до каде би оделе во име на љубовта. „Крилја на љубовта“ излегува од вообичаената шема на турска маратонска серија: има 22 епизоди, многу добро поврзани, со убедлива актерска игра. Критичарите го пофалија и начинот на кој е напишано сценариото, без кино-бесмислености.

Еве што рече Седа Бакан веднаш по премиерата: „Она што ја издвојува оваа серија од другите е бескрајната напнатост. Сè може да се случи во секое време. Приказната е толку напната што нешто може да експлодира во секое време! Кога станува збор за очекување и акција, можам да кажам дека ова е едно од најдобрите сценарија што сум ги прочитала. Изгледа како да се фалиме самите себе, но тоа е вистината! ”

Од своја страна, Кадир Догулу рече: „Тоа е убава и многу искрена љубовна приказна, но секако не започнува како љубовна приказна. Јас го играм Алпер, кој е и готвач и бизнисмен. Тој е оженет и има ќерка. По несреќата со неговата сопруга и брат, животот на Алпер драматично се менува – време е да сфати дека на луѓето околу него, вклучувајќи ја и неговата сопруга, не може да им верува. Тогаш тој ќе се сретне со Лејла и неговиот живот повторно ќе се промени. Тоа е романтична приказна, полна со љубов и акција. “

Првата епизода на „Крилја на љубовта“ ќе се емитува во понеделник, 8-ми март, во 20:10 часот, на Timeless Dizi Channel!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!