Почетна / Телевизија / „Култ мкд“ нова емисија во продукција на Томато

„Култ мкд“ нова емисија во продукција на Томато

 

Почнувајќи од оваа сабота со почеток во 14:00 часот, па секоја наредна, на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува емисијата „Култ мкд“. Идејата и реализацијата на овој ТВ проект наменет за промоција на културата, е на продукцијата Томато.

 

 

Секоја емисија ќе биде посветена на определена тема од оваа област и ќе се состои од разговор во студио со гости и теренски прилози, со цел комплетно да се разработи темата. Ќе бидат опфатени почетоците, развојот, денешната ситуација, предностите и недостатоците од таа културна гранка кај нас. Ќе се разработуваат проблемите, но ќе се истакнуваат и успесите.

 

 

Целта на оваа емисија е да се даде еден сериозен пристап кон културата во земјава, но истиот да биде прилагоден за широката публика, да се задржи вниманието и на оние кои немаат големи познавања и интереси од оваа област и со тоа да осознаат повеќе за неа. Целта на Томато е да емитува емисија која е културна, квалитетна, едукативна, но во исто време и забавна. Емисија која ќе третира сериозни теми, но на приемчив начин за секого.

 

Снимањето започна минатиот месец, а веќе се снимени првите емисии. Проектот ќе се емитува во период од 12 месеци. Водител е Ивана Трајковска.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!