Почетна / Живот / Лав побегна од циркусот „Сафари“ во Кавадарци

Лав побегна од циркусот „Сафари“ во Кавадарци

 

Циркусот „Сафари“ кој гостуваше во неколку македонски градови, моментално е лоциран во Кавадарци каде тамошните жители може да се забавуваат гледајќи ги разните циркуски точки и егзотичните животни. Но, синоќешната претстава кавадарчани ќе ја помнат долго.

 

 

„Инцидентот се случи во терминот од 15 часот во точките и акробациите кои ги изведуваа лавовите. Имено, двата од нив поминаа во најдобар ред, меѓутоа за време на изведувањето на перформансите на третиот лав, се урна заштитниот кафез. Од присутната публика поголемиот број беа деца. Настана општ хаос и паника кај гледачите кои истревожени се упатија кон излезот од шаторот. Шаторот беше испразнет до последното место. Децата плачеа, жени се онесвестуваа, беше вистински хорор“, изјавува очевидецот кој вели дека лавот тргнал кон публиката откако се урнала оградата.

„Се исправи, ја турна оградата околу него и се испушти кај нас надвор, до гледачите, почна да трча кон нас сите бегавме, трчавме, тој се вознемири и едвај го прибраа, но тоа беше навистина страшно, бремени жени имаше се онесвестува, деца плачеа, вистински хорор“, додава изворот.

Двата лава биле веднаш згрижени во соодветните кафези, а третиот бил застрелан со стрелка за успивање. Ова не е првпат посетителите да се жалат за несигурноста на овој циркус.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!