Ламбе доби син, а сними и нов спот
Пред неколку дена, 27-годишниот пејач Ламбе Алабаковски стана татко. Неговата сопруга Магдалена се породи во Битола, а веста Ламбе ја сподели на својот Фесбук профил. Она што е особено интересно е што денот кога се роди синчето на Ламбе е всушност и роденден на Ламбе. По породувањето, бебето било тешко 4,3 килограми, а веќе му се знае и името, Михаил.
Ламбе и Магдалена беа една година во врска пред да стапат во брак, лани на големиот празник Илинден. Моментално живеат во Битола, родниот град на двајцата. Тимот на ТВ Пакет им честита за големата радост, а воедно му честита и на Алабаковски и за новата песна која со спот излезе вчера.
Се работи за “Што е твое, твое е”, спот снимен од Фабрика продукција. За следниот период, матичната куќа на пејачот План Б најавува албум за Ламбе.
Дани | ТВ Пакет