Информацијата во врска со Драган Павловиќ-Латас што денеска осамна на порталот Плусинфо е чиста дезинформација. Имено, тие напишаа дека: „долгогодишниот главен и одговорен уредник во националната телевизија Сител, денеска поднел оставка од функцијата”. Според нивниот текст, неговото место во Сител и било доделено на Ивона Талевска.
Новинарите очигледно наслушнале нешто, но за жал не дослушнале. Талевска денеска е назначена за главен и одговорен уредник на весникот Вечер откако Латас ја напушти таа функција поради лични причини. Инаку, тој и натаму останува главен и одговорен уредник на Сител.
Chris | ТВ Пакет