Иако погрешно претставена во познатата романтична комедија „Еднаш во Рим“, фонтаната на љубовта (Fontana di amore) всушност носи друго име кое гласи „Фонтана треви“ (Fontana di trevi).
Најамбициозната барокна фонтана во Рим, која воедно е и најголемата фонтана со височина од 26 метри и широчина од 20 метри е изградена во 1629. година и повеќе пати е реставрирана и конструирана. Но и покрај оваа преубава градба таа со себе носи неверојатна традиционална легенда.
Според легендата, фрлање на две парички во фонтаната ќе ви донесе љубов со некоја Римјанка/Римјанец, а фрлањето на три парички носи брак или развод.
Популарната верзија вели дека треба да се фрлат три парички со левата рака преку десното рамо. Денес, луѓе од ширум светот доаѓаат да ја посетат оваа фонтана на љубовта со една цел – да фрлат паричка во неа и да посакаат да ја пронајдат љубовта на својот живот.
Бобан Лазарески | ТВ Пакет